Утрински Весник
Магазин

Бед Бани доминира во номинациите за Американските музички награди

Бед Бани доминира во номинациите за Американските музички награди
Dik 300x250 mk

Порториканскиот рапер Бед Бани доби најмногу номинации за овогодишните „Американ мјузик авордс“ (AMA’с), и се наоѓа пред колегата рапер Дрејк и поп-ѕвездите Бијонсе и Тејлор Свифт на листата кандидати објавена во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

Бани доби вкупно осум номинации и ќе се натпреварува за уметник на годината против британските ѕвезди Адел и Хари Стајлс и канадскиот музичар Д’викенд.

Дрејк, Бијонсе и Свифт исто така се во трката за уметник на годината и добија по шест номинации.

Номинациите се базираат на перформансите на музичките топ листи на „Билборд“, стриминг и продажба на албуми, радиоемитувања и ангажман на социјалните мрежи.

Победниците ќе бидат одредени со гласање на фановите и ќе бидат објавени на церемонија во Лос Анџелес на 20 ноември. Настанот ќе се емитува во живо на мрежата Еј-би-си на Волт Дизни.

Можете да прочитате

Зошто ADHD кај жените често останува непрепознаен: Пет клучни разлики од мажите

Посветете време за себе и најблиските: Дневен хороскоп (31.10 .2025)

Овие три хороскопски знаци во ноември ќе се соочат со деловни предизвици