Утрински Весник
Спорт

Шпанците го обожуваат Надал

Шпанците го обожуваат Надал

Шпанците го обожаваат Рафаел Надал, покажува анкетата на „InfoJobs“. Водечката платформа за вработување во Шпанија, го анализираше профилот на најпосакуваните меѓу граѓаните на таа земја и спроведе анкета.

dobivaj vesti na viber

Дури 45 отсто од испитаниците изјавиле дека би сакале Рафаел Надал, тенисерот кој освои рекордни 22 Грен слем титули, да им биде надреден на работа.

Сите оние кои го означија Надал како идеален за таа позицијата истакнале дека големиот ас е скромен (58 отсто), чесен и сигурен (50 отсто) и страствен во извршувањето на својата работа (48 отсто).

По Надал, најмногу гласови доби Маргарита дел Вал (33 отсто), виролог и хемичар, додека третото место во ова истражување го зазеде американскиот инвеститор Џеф Безос (24 отсто).

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија