Утрински Весник
Македонија

„Жените во надворешната политика“ – втора меѓународна конференција на МНР

„Жените во надворешната политика“ – втора меѓународна конференција на МНР

Започна втората меѓународна конференција на Министерството за надворешни работи насловена „Жените во надворешната политика“, под покровителство на Владата, а домаќин е заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.

dobivaj vesti na viber

На конференцијата се обрати министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој меѓу другото истакна дека конференцијата полека, но сигурно станува традиционален настан како во регионот на Западен Балкан, така и пошироко во светот како уникатна платформа за размена на мислења и идеи околу улогата на жените во одлучувачки позиции.

„Северна Македонија како земја-членка на НАТО и дел од меѓународното семејство на Обединетите нации, земја чија стратешка цел е членство во ЕУ и која ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година, постојано вложува напори во застапувањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на позицијата на жените во одлучувачките позиции бидејќи овој напредок е тесно поврзан со просперитетот, стабилноста и благосостојбата на земјата“ истакна Османи.

Како домаќин на конференцијата, заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки во својот говор на официјалното обраќање се осврна на потребата од поголемо учество на жените во сите сфери во општеството, нагласувајќи дека треба да се изнајде начин мажите и жените да го надминат родовиот јаз во јавниот живот.

„Ќе се залагам за секоја успешна жена-дипломат во Министерството за надворешни работи да добие можност да извршува значајна позиција, за секоја жена Амбасадор надвор, како и за сите други жени кои имаат визија да го променат светот доминиран од мажи, за доброто на сите. Женските права се човекови права. Затоа, истакнувам дека не станува збор за опција, туку за нужност“ рече Исаки.

Како претставник на Владата, која е официјален покровител на овој настан, заменик претседателката на Владата задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска нагласи дека „на светот му се потребни упорноста, трпението, разбирањето и љубовта, преку коишто жените им пристапуваат на проблемите и носат одлуки. Неопходен ни е ваков приод имајќи го предвид актуелниот глобален политички и безбедносен контекст во светот.“

На официјалното отворање, свои обраќања имаа високи политички претставници од земјите од Западен Балкан, кои споделија свои гледишта, видувања, лични искуства и мислења околу политиките кои треба да се превземат за унапредување на родовата димензија во надворешната политика, особено во однос на застапеноста на жените на одлучувачки позиции

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег