Утрински Весник
Спорт

Почина Славе Атанасовски, првиот македонски ракометен селектор

Почина Славе Атанасовски, првиот македонски ракометен селектор

Македонскиот ракомет загуби уште едно големо име. Денес почина првиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Славе Атанасовски-Чаве. Македонија под негово водство во 1993 година го одигра првиот официјален репрезентативен натпревар на меѓународен турнир во Романија.

dobivaj vesti na viber

Атанасовски беше селектор и на женската репрезентација на Грција, а на клупско ниво тренер на повеќе македонски екипи.

Атанасовски е роден 1945 година во Скопје и својата играчка кариера ја почна во екипата на Партизан. Потоа настапуваше и за тогашниот состав на Графичар, сегашен Вардар, а беше дел и од Борец, Металург и Пролет.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина