Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Амбасадорот Гир му го предаде Извештајот на Европската комисија на премиерот Ковачевски

Амбасадорот Гир му го предаде Извештајот на Европската комисија на премиерот Ковачевски
Img 7972

На средба во Владата денеска амбасадорот на Европската Унија – Дејвид Гир го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

На состанокот на кој се дискутираше за Извештајот и очекувањата за текот на евроинтеграцискиот процес на државата и нејзината подготвеност, присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Ковачевски на состанокот истакна благодарност до Европската Унија за препознатиот напредок на земјата во повеќе области и посочи дека ќе следи детална анализа на Извештајот со која ќе се утврдат областите на кои ќе треба поинтензивно да работиме.

Премиерот Ковачевски истакна дека Република Северна Македонија останува со силна заложба за спроведување на реформските процеси и целосно усогласување на домашното со европското законодавство.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ