Утрински Весник
Македонија

Петровска во Брисел на состанок на Контакт-групата за Украина

Петровска во Брисел на состанок на Контакт-групата за Украина

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на состанокот на Контакт- групата за Украина во организација на САД, на кој присуствуваа и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников, НАТО генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг и поголем број министри за одбрана на земјите членки на НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Северна Македонија на дело покажа дека заедно со сојузниците е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, зашто таа поддршка значи и поддршка за одбрана на територијалниот суверенитет, независноста и самостојноста на оваа земја која беше нападната, брутално и без провокација. Нашата цел никогаш не била и нема да биде војната да се оддолжи, туку независна и суверена Украина да може да се одбрани од агресијата врз неа“, рече Петровска на состанокот.

Министерката порача дека досега Владата на Република Северна Македонија донесе три одлуки за помош и поддршка на Украина.

Можете да прочитате

ГОЛЕМ ПОЖАР НАД СКОПЈЕ: Гори кај Грачани, густ чад се гледа низ целата котлина

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030  и 40-ина закони по скратена постапка

Лишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол