Александар Томовски, утревечер, во 20 часот, во МКЦ ќе ја отвори својата изложба на уметнички фотографии „Зад кулисите“.
Томовски (1985 година, Скопје) е софтверски инженер преку ден, фотограф и филмаџија во слободното време. Низ годините учествува на многу престижни меѓународни натпревари и групни изложби во истакнати галерии, стекнувајќи се со златни, сребрени, бронзени медали, почесни награди и дипломи. Го паметиме по успесите на филмот „Парадокс“, кој се здоби со над 15 интернационални награди. Во септември го стекна и престижното звање: кандидат мајстор на фотографија при Националната фотоунија на Македонија.
Изложбата во МКЦ ќе биде отворена до 23 октомври.