Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги осуди денешните руски напади во Украина.
„Разговарав со министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, и ги осудувам страшните и неселективни напади врз цивилната инфраструктура во Украина. НАТО продолжува да го поддржува храбриот украински народ да се бори против агресијата на Кремљ онолку долго колку што е потребно“, напиша Столтенберг на својот профил на „Твитер“.
Речиси 75 руски ракети утрово беа испратени на територијата на Украина. Киев беше бомбардиран првпат од 26 јуни, а погоден е и Лавов на запад.