Наполи дојде до седмиот триумф оваа сезона во Серија А совладувајќи го Кремонезе со 1:4. Тимот на Елиф Елмас сега е лидер на табелата со 23 бода, два повеќе од Аталанта.
Матео Политано донесе предност за Наполи од пенал во 26.минута, а израмни Сирил Десерс на почетокот на вториот дел.
Сепак, Наполи не дозволи да направи кикс на овој дуел. Џовани Симеоне донесе ново водство во 76.минута, а во финишот Ирвинг Лозано и Матијас Оливера го потврдија убедливиот триумф.