Утрински Весник
Свет

Престрелка пред бар на Флорида, едно лице загина, шестмина се ранети

Престрелка пред бар на Флорида, едно лице загина, шестмина се ранети

Едно лице е убиено, а шест се ранети во пукање пред бар во центарот на градот Тампа во американската сојузна држава Флорида, соопшти денеска полицијата.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, инцидентот се случил околу три часот наутро по локално време, кога две групи луѓе започнале тепачка во кафеана, а потоа конфликтот го продолжиле надвор, каде имало пукање, пренесе АП.

Се додава дека во престрелката е убиен еден маж, а шест лица се префрлени во болници со повреди кои не се опасни по живот,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети