Утрински Весник
Македонија

МНР повика на зрело и достоинствено однесување по најавените протести поради бугарскиот клуб во Охрид

МНР повика на зрело и достоинствено однесување по најавените протести поради бугарскиот клуб во Охрид
300x250 (7)

По повод најавеното отворање на бугарскиот културен клуб во Охрид, како и повикот за протест, Министерството за надворешни работи упати апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став.

dobivaj vesti na viber

„Северна Македонија, како демократска земја во која слободите и правата на човекот и граѓанинот се издигнати на ниво на темелна вредност на Уставот и државноста, ќе продолжи да го заштитува правото на сите граѓани и заедници да го изразуваат, негуваат и развиваат својот етнички, културен, јазичен и верски идентитет, како и слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.

Ss1

Во контекст на горенаведеното, ги замолуваме сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите“, наведуваат од македонското МНР.

Вториот бугарски културен клуб што ќе се отвори во Македонија, ќе го носи името „Цар Борис Трети“, кој бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна.

Ss1

Можете да прочитате

Димитриевски: ЗНАМ е опција која ќе ја придвижи Македонија напред, затоа очекуваме голема поддршка

Приведени двајца крадци од Србија кои „оперирале“ во Скопје

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, да не го потцениме моментот, сега е најважно