Утрински Весник
Спорт

Меси: Мундијалот во Катар ќе биде последен за мене

Меси: Мундијалот во Катар ќе биде последен за мене

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и капитен на аргентинската репрезентација Лео Меси, во интервју за „Стар+“, откри дека Светското првенство во Катар ќе му биде последно во кариерата.

dobivaj vesti na viber

„Ова Светско првенство ќе биде мое последно во кариерата. Мислам дека Аргентина не е најголемиот фаворит бидејќи има некои селекции кои се над нас. И покрај тоа, ќе се бориме со сите, веќе ги бројам деновите и едвај чекам да почне“, изјави Меси.

Легендарниот Аргентинец одигра 164 натпревари за својата репрезентација и постигна 90 голови.

Меси е рекордер во Аргентина по бројот на настапи и голови за националниот тим, а ќе има можност да го подобри билансот на претстојното Светско првенство во Катар.

Аргентина е во група со Саудиска Арабија, Мексико и со Полска.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина