Утрински Весник
Спорт

Поранешниот европски и светски првак умира од рак: Најтешко беше да им објаснам на децата

Поранешниот европски и светски првак умира од рак: Најтешко беше да им објаснам на децата

Тим Лобингер, поранешниот европски и светски шампион во скок со стап, откри дека умира од агресивен облик на тумор и дека нема можност да биде излечен. Лобингер веќе пет години се бори со тешка болест.

dobivaj vesti na viber

На светскиот шампион во сала од 2003 година му беше дијагностициран рак на крвта во 2017 година. Една година подоцна, се веруваше дека тој ја доби оваа битка, но ракот се врати во 2020 година.

„Нема спас за мене, мојот рак е премногу агресивен. Во февруари лекарите ми рекоа дека смртта е блиску. Треба да се договориме, да се справиме со погребот и да организираме сè. Да се ​​збогувам со моите најблиски. Разговорот со децата беше најтежок, не знаев како да им објаснам“, изјави 50-годишниот Лобингер за „Билд“.

Познатиот спортист годинава помина 150 дена во болница и вели дека тоа не е живот. Тој е висок 193 сантиметри и тежок само 66 килограми.

„Тоа не е вистински живот. Животот вреден за живеење се случува надвор. Повторно, секогаш има начин да добиеш сила и да не ја изгубиш надежта. Вреди да се борам за секој ден што го живеам и што можам да го поминам со моето семејство”, изјави Лобингер, кој беше рекордер во кариерата со скок од шест метри.

Тој двапати го освојуваше европското злато во затворена арена.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари