Утрински Весник
Македонија

Маричиќ во работна посета на Стразбург

Маричиќ во работна посета на Стразбург
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денеска е во дводневна работна посета на Стразбург, по повод одржувањето на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот Маричиќ во Европскиот парламент ќе има свое обраќање по точката: „Размена на мислења со претставници на Владата на Република Северна Македонија, Советот на ЕУ и Европската комисија за односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ“, заедно со министерот за европски прашања на Република Чешка, Микулаш Бек, Микела Матуела, вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Елза Фeнет, раководителката на Одделот „Западен Балкан“ во Европската служба за надворешни работи и европратеникот и постојан известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Во рамки на посетата вицепремиерот Маричиќ ќе се сретне со ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, Андреас Шидер, со словенечката пратеничката во Европскиот парламент и координаторка на неформална група „Пријатели на Северна Македонија, Ирена Јовева, со Тинеке Стрик од холандската „Зелени“ и Матијаж Немец.

Отворањето на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ ќе биде од страна на Андреас Шидер и Соња Мираковска, копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-ЕУ, а покрај точката „Размена на мислења со претставници на Владата на Република Северна Македонија, Советот на ЕУ и Европската комисија за односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ“, точки на двенев ред ќе бидат и владеење на правото: борба против организираниот криминал и корупцијата, граѓанско општество и медиуми, енергетската криза и животна средина, добрососедски односи и регионална соработка и извештајот за дијалогот Жан Моне.

Можете да прочитате

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови