Утрински Весник
Свет

Молдавија подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење на неколку години

Молдавија подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење на неколку години

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека нејзината земја е подготвена да ѝ предаде дел од својата територија на Украина на неколкугодишна употреба.

dobivaj vesti na viber

Тоа го кажала за време на разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ.

„ Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду во разговорот со руските пранкери.

Таа го предложи тоа, откако технички експерти дојдоа и ја разгледаа територијата, но не добија одговор од молдавските власти.

„Ме интересира дали сè уште сте заинтересирани за овој предлог или најдовте друго решение“, рече Сандуова во своето обраќање до „украинскиот премиер“. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.

Администрацијата на претседателката на Молдавија соопшти дека видеоснимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат.

Можете да прочитате

Германија планира брзо проширување на бункерите поради страв од руски напад

Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици

Во Британија оваа пролет е најтолпа и најсушна во последните 50 години