Утрински Весник
Спорт

Италија побара екстрадиција на Робињо од Бразил за да отслужи 9 години затвор

Италија побара екстрадиција на Робињо од Бразил за да отслужи 9 години затвор

Италијанското Министерство за правда потврди дека пратиле барање до Бразил за екстрадиција на поранешната ѕвезда на Милан, Робињо откако тој беше осуден на девет години затвор поради учество во групно силување.

dobivaj vesti na viber

Робињо е осуден за силувањето на 23-годишната албанска државјанка во еден ноќен клуб во Милано на 22 јануари 2013, и по повеќето жалби, одлуката стан правосилна по пресудата на Врховниот суд во јануари. Италијанското министерство побара и екстрдиција на неговиот пријател, Рикаро Фалко, кој исто така е осуден во случајот.

38-годишниот Робињо играше за Милан од 2010 до 2014 година, постигнувајќи 25 гола во 108 настапи, а покрај тоа има и 100 настапи за бразилскат репрезентација и 28 постигнати голови.

Сепак, се верува дека Робињо е „безбеден“ во Бразил, бидејќи уставот на јужноамериканската земја не дозволува екстрадиција на сопствените граѓани.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами