Утрински Весник
Спорт

На Клоп не му се допаѓа идејата на Флорентино Перез

На Клоп не му се допаѓа идејата на Флорентино Перез

Флорентино Перез е главна вест во сите светски медиуми. На генералното собрание на Реал Мадрид на членовите на клубот им зборуваше за Супер лигата, проект од кој „кралскиот клуб“, заедно со Јувентус и Барселона, не се откажал.

dobivaj vesti na viber

Перез истакна дека фудбалот ја губи битката за младите кои се помалку ги интересира овој спорт, особено во споредба со некои од спортовите кои се популарни во САД. Решението на Перез е да има повеќе натпревари меѓу најдобрите клубови во Европа за да се создаде „квалитетен производ“, бидејќи според него денешниот фудбал нема таков квалитет.

„Фудбалот е болен, може да го излечи само Супер лигата“, рече претседателот на Реал.

По неговата изјава Би-би-си радио го праша тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп што мисли за идеите на претседателот на Реал, а Германецот во негов стил јасно стави до знаење кои се неговите размислувања.

„Уф, немам никакво мислење за тоа. Немам што да кажам за тие изјави. Ако сакате да го подобрите фудбалот, треба да играме помалку натпревари и да им дадеме на играчите повеќе време да тренираат. Што мислите за ова? Но, не, немам мислење за идеите на Перез“, изјави Клоп, кој дипломатски кажа дека не се согласува со Перез.

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот