Утрински Весник
Свет

Бразил очекува тензичен втор круг од изборите, Болсонаро собра повеќе гласови од очекуваното

Бразил очекува тензичен втор круг од изборите, Болсонаро собра повеќе гласови од очекуваното

Кампањата за вториот круг од претседателските избори во Бразил започна денеска, откако десничарскиот актуелен претседател Жаир Болсонаро освои повеќе гласови отколку што предвидуваа анкетите, но сепак помалку од левичарскиот поранешен претседател, Луис Инасио Лула да Силва.

dobivaj vesti na viber

Неочекувано добриот резултат на Болсонаро во неделата ги уништи надежите за брзо решавање на длабоко поларизираните избори во четвртата по големина демократија во светот.

Кампањата е ревитализирана и се подготвува сцената за тесен избор на вториот круг на 30 октомври, судејќи според резултатите од првиот круг.

На изборите Лула освои 48,4 отсто од гласовите, а Болсонаро 43,2 отсто, според пребројани 99,9 отсто од гласовите.

Трката се покажа како потесна отколку што предвидуваа повеќето анкети, при што Болсонаро, кој инсистираше на тоа дека не може да им се верува на анкетите, добива на интензитет.

„Капитал економикс“ вели дека Лула останува фаворит, но дека „изненадувачки силниот резултат“ на Болсонаро и неговите сојузници ќе претставува сериозни пречки за управување со најголемата земја во Латинска Америка.

„Тоа треба да помогне да се ублажат стравувањата од нагло поместување налево“ – посочува „Капитал економикс“.

Десничарските сојузници на Болсонаро освоија 19 од 27 места во Сенатот, а прелиминарните резултати сугерираат дека неговата опција во Долниот дом исто така ќе помине добро.

Добриот резултат на Болсонаро и неговите сојузници го зголеми притисокот врз Лула да се сврти кон центарот, според Ројтерс.

Можете да прочитате

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика