Утрински Весник
Свет

Објавена снимка од бегството на рускиот конвој од Лиман, целосно е уништен

Објавена снимка од бегството на рускиот конвој од Лиман, целосно е уништен

Украинската војска објави воздушна снимка за која тврди дека покажува уништен конвој со руска војска и други возила додека бегаат од источниот украински град Лиман.

dobivaj vesti na viber

На видеото се гледаат уништени возила и тела на руски војници убиени во украинскиот напад.

Руското Министерство за одбрана вчера потврди дека руските сили се повлекле од тој стратешки важен град во регионот на Доњецк, а украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека Лиман е „целосно исчистен“ од руските сили.

Украинскиот гувернер на окупираната област Луганск, Серхи Хајдај, изјави дека ослободувањето на Лиман е „клучен фактор за претстојната деокупација на Луганск“.

Можете да прочитате

Иран: Најавената „економска војна“ на САД е кршење на меѓународното право

Возеле во контра правец и се снимале за Тик Ток, пет тинејџери загинаа во Ирска

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови