Утрински Весник
Свет

Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари

Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари

„Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ технички можат да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни многу време и пари, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак. Тој објасни дека пред сè, Русија има намера да разјасни кој е виновен за саботажата на гасоводите, доколку за тоа имаат интерес САД, Украина и Полска.

dobivaj vesti na viber

„Секако дека има технички можности за обновување на инфраструктурата, но за тоа е потребно време и соодветни средства. Сигурен сум дека ќе се најдат соодветни можности, рече тој. До денес, пред сè, потребно е да се открие кој го сторил тоа, а ние сме сигурни дека некои земји кои претходно го искажаа својот став, се заинтересирани за ова. Тогаш и САД и Украина и Полска рекоа дека тие се ќе направат сè за таа инфраструктура да не работи, така што, се разбира, тоа треба сериозно да се реши“, изјави Новак.

Можете да прочитате

Иранската гарда се закани дека ќе го пронајде и елиминира Нетанјаху

Трамп: Не знам дали врховниот лидер на Иран е воопшто жив

Човекот на Трамп им се заканува на медиумите со одземање дозволи: „Сакаат да ја изгубиме војната со Иран“