Утрински Весник
Македонија

Идентификувано телото на 22-годишникот што со автомобилот излета во Вардар

Пронајдено машко тело во Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобилот

Идентификувано е телото кое претпладнево беше пронајдено во водите на реката Вардар.

dobivaj vesti na viber

Се работи за Ердон Рамадани, 22-годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил излета од автопатот во реката Вардар, од мост кај селото Желино.

„Извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото“, информираа од СВР Тетово.

Телото претходно денес го пронајдоа тетовските полицајци, кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.

Можете да прочитате

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, уапсени пет лица

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци, 180.378 се за возила со странски регистарски ознаки 

Нема штета, нема утврдено загадување, има милионски профит – што остана од „Мазут“?