Утрински Весник
Македонија

Без струја објектите од индустриската зона на „Борис Трајковски“

Без струја објектите од индустриската зона на „Борис Трајковски“

Утрово од 7 до 18 часот струја ќе немаат корисниците од објектите во индустриската зона на булевар „Борис Трајковски“ лоцирани на потегот од населба Пинтија кон село Батинци во општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.

РЦУК информира и за прекини во делови во Карпош, во понеделник, 3 октомври, од 9 до 11 часот, кога струја ќе немаат корисниците од булевар „Партизански одреди” зграда број 165, а од 9 до 14 часот корисниците од дел од улица „Дамаска”.

Можете да прочитате

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, уапсени пет лица

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци, 180.378 се за возила со странски регистарски ознаки 

Нема штета, нема утврдено загадување, има милионски профит – што остана од „Мазут“?