Утрински Весник
Македонија

Полицијата денес казни 70 возачи во Ченто

Полицијата денес казни 70 возачи во Ченто

Денес во периодот од 10 до 16 часот беше спроведена засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Ченто во Скопје.

dobivaj vesti na viber

При контролата санкционирани се 70 возачи од кои: 29 за вградени фолии без А -тест, 10 без возачка дозвола, 3 за технички неисправни возила, 2 нерегистрирани и 26 по останати прекршоци, соопшти МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајнитиције правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Жена тешко повредена откако паднала во градски автобус

Три пожари до 14:00 часот, активни се два