Утрински Весник
Свет

Деветмина странци уапсени во Иран во врска со демонстрациите против носењето хиџаб

Деветмина странци уапсени во Иран во врска со демонстрациите против носењето хиџаб

Деветмина странци се уапсени во Иран во врска со големите демонстрации против носењето хиџаб во таа земја, соопшти Министерството за разузнавање.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението пренесено од државната новинска агенција „Ирна“, Министерството тврди дека меѓу уапсените има државјани на Германија, Полска, Италија, Франција, Холандија и на Шведска.

Властите на Иран сметаат дека странците ги поттикнале протестите, кои не престануваат веќе две недели.

Протестите беа предизвикани од смртта на 22-годишната девојка, која почина во притвор кога беше приведена поради наводно несоодветно носење хиџаб.

Додека полицијата тврди дека Армини починала од срцев удар, нејзиното семејство смета дека причина за смртта е тепање во затворот, што властите го демантираат и велат дека истрагата за случајот е во тек.

Протестите ги налутија иранските исламски власти, при што демонстрантите тврдат дека нивните собири се спонтан бунт против строгите правила за облекување, вклучително и задолжителниот хиџаб наметнат на жените.

Организациите за човекови права проценуваат дека иранските безбедносни сили убиле најмалку 52 лица од почетокот на протестите, и тоа со огнено оружје или со тепање.

Можете да прочитате

Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија, ве чека голема казна

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп