Утрински Весник
Свет

Реакции на говорот на Путин, ЕУ нема да ја признае анексијата на рускиот претседател

Реакции на говорот на Путин, ЕУ нема да ја признае анексијата на рускиот претседател
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин претседаваше со церемонијата на анексија на четирите украински региони кои беа делумно окупирани од руските воени сили, што ја ескалира седуммесечната војна и ја воведе во нова, непредвидлива фаза.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е волја на милиони луѓе“, рече тој во говорот одржан пред стотици високи функционери во Кремљ.

„Ова е ужасно кршење на сите меѓународни закони и права“, рече Жосеп Борел.

Шарл Мишел рече дека 27-те шефови на ЕУ никогаш нема да ја признаат нелегалната анексија.

Европскиот совет објави дека Русија очигледно ги прекршила основните права на Украина за независност.

„Ние цврсто стоиме покрај Украина и ќе ги зајакнеме санкциите против Русија. Никогаш нема да ја признаеме оваа незаконска анексија“ – велат од Европската унија.

Реагираа и од кабинето на украинскиот претседател Володимир Зеленски:

„Кабинетот на претседателот не го гледаше говорот на Путин. Во тек е состанокот на Комитетот за национална безбедност. Зеленски ќе реагира на говорот на Путин преку видео повик“ – соопштија од кабинетот на украинскиот претседател, пренесува „Би-би-си“.

„Нелегалната анексија нема да промени ништо. Целата анектирана територија е окупирана од Путин, таа е украинска земја и секогаш ќе биде дел од Украина“ – коментира и Фон дер Лајен.

Можете да прочитате

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина