Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Задоволните граѓани се потврда за успешноста на заедничките проекти на кои работиме со Светска Банка

Тренчевска: Задоволните граѓани се потврда за успешноста на заедничките проекти на кои работиме со Светска Банка

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставници на Светска Банка, на која беа присутни Сара Кол-Блек, виш специјалист за социјална заштита од Светска Банка, Вашингтон, Бојана Нацева, виш специјалист за образование и Цвета Петрушевска-Јончевска, аналитичар од Канцеларијата на Светска Банка,Скопје, како и претставници на Проектната единица во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На денешната средба беа сумирани резултатите од „Проектот за подобрување на социјалните услуги“, кој што се спроведува со поддршка на Светска Банка, како и идните чекори за преостанатиот период до завршување на проектот, јуни 2024 година.

Министерката Тренчевска изрази задоволство од досегашната соработка со претставниците на Светска Банка, нивната експертска поддршка и прогресот на Проектот кој дава видливи и одлични резултати.

„Горди сме на реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Преку нашите теренски активности, можеме да се увериме на позитивните резултати кој ги дава Компонента 1, „Промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до парични надоместоци и услуги“. Особено, услугата Помош и нега во домот која нуди двојна придобивка односно ја дава потребната поддршка на оние на кои им е неопходна и тоа во нивниот дом и ги активира тешко вработливите лица од заедницата преку ангажирање како даватели на услугата,“ рече Тренчевска.

Министерката го истакна и прогресот на реализација на Компонента 2 од Проектот, „Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание“, кој покрај изградбата на инклузивни детски градинки, по најсовремени светски стандарди, обезбедува и јакнење на капацитетите на стручниот кадар, а со тоа обезбедува поквалитетно предучилишно воспитание и образование.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните