Утрински Весник
Свет

Трамп: Се смееја на моите предупредувања, ама веќе не се смеат

Трамп: Се смееја на моите предупредувања, ама веќе не се смеат
Dik 300x250 mk

Саботажата што ги оштети гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ може да доведе до ескалација или дури и војна, предупреди поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека додека сите зборуваат за големиот ураган што ја погоди Флорида, ситуацијата околу гасоводот може да има посериозни последици.

„ Можеби многу поважен настан на долг рок е објавата дека гасоводите „Северен тек 1 и 2“ надвор од Русија се саботирани. Ова може да доведе до голема ескалација или војна“, рече Трамп.

Тој потсети дека за време на неговиот мандат како претседател на САД, тој предупредил колку потпирањето на рускиот гасовод може да и наштети на Германија и другите делови на Европа, пренесе ТАСС.

„ Тогаш сите се смееја, но веќе не се смеат“ вели Трамп.

Шведскиот весник „Свенска дагбладет“ денеска објави дека е откриено четврто место на истекување гас на оштетените гасоводи „Северен тек еден и два“.

Можете да прочитате

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк