Утрински Весник
Економија

Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти
300x250 (7)

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 проценти пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Ss1

Притоа, усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.

Усогласувањетео ќе ги следи промените во двата индекси. На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите.

Министерството за труд и социјална политика известува и дека ваквото решение односно воспоставувањето на новата методологија е направена низ дијалог со Сојузот на пензионери на Македонија и Партијата на пензионери, како претставници на нашата највозрасна категорија на граѓани во државата.

„Носењето на решенија на долг рок и нивна одржливост од кои директна придобивка имаат граѓаните со акцент на ранливите категории е приоритет на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика“, велат од Министерството.

Ss1

Можете да прочитате

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март