Утрински Весник
Македонија

Добитници на наградата „11 Октомври“ се Методи Чепреганов, Линда Ахмети, Томислав Османли и Мицко Јанкуловски

Добитници на наградата „11 Октомври“ се Методи Чепреганов, Линда Ахмети, Томислав Османли и Мицко Јанкуловски

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ за 2022 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

1. За животно дело во областа на науката, наградата му се доделува на:

– проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар.

2. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

– Линдита Ахмети, поетеса

– Томислав Османли, писател

– Мицко Јанкуловски, ликовен уметник.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2022 година (вторник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување