Утрински Весник
Македонија

Спасовски-Клајн, разговарано за поддршката која Унгарија ја дава на земјава во врска со пристапувањето кон ЕУ

Спасовски-Клајн, разговарано за поддршката која Унгарија ја дава на земјава во врска со пристапувањето кон ЕУ

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа протоколарна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоименуваниот амбасадор на Унгарија во нашата земја Андраш Клајн, придружуван од аташето за внатрешни работи Иштван Шегеди.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за поддршката која Унгарија ја дава на нашата земја во врска со пристапувањето кон ЕУ, како и континуираната поддршка која од 2015 година па наваму оваа земја ја дава во форма на испраќање  унгарски полициски службеници кои се распоредени на нашата јужна граница.

Имено, со реализацијата на меѓународната „Заедничката операција за засилен надзор на јужната граница на РСМ, со ангажирање на полициски службеници од странство“, Унгарија е една од осумте земји чии полициски службеници партиципираат во активностите, заедно со припадници на граничната полиција во заеднички мешани патроли, вршејќи засилен надзор на јужниот дел од границата со цел спречување на обидите за илегален влез или излез на мигранти и откривање на случаи на криумчарење мигранти, што истовремено придонесува и за заштита на границите на ЕУ, информираат од ресорното министерство.

Можете да прочитате

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме