Утрински Весник
Култура

Во Штип започнува 10-тото јубилејно издание на театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“.

Во Штип започнува 10-тото јубилејно издание на театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“.

Во НУЦК Ацо Шопов – Штип на 1. октомври започнува 10-тото јубилејно издание на Театарскиот фестивал за деца и млади „МАЛИОТ ПРИНЦ“.

dobivaj vesti na viber

Годинава се одржува под мотото „За секое дете – за секој цвет и за оној чија отсутност мириса“.

Програмата ќе се реализира на големата сцена при Домот на културата “Ацо Шопов” Штип.

Најавата за отворањето на Фестивалот е на 30. септември (петок) со промоција на креативниот перформанс во кој ќе учествуваат: магионичари, жонглери, принцови и принцези, живи статуи, кловнови.

Сето тоа поткрепено со многу музика и подароци за присутната публика, вели организаторот.
Локацијата е пред платото на НУЦК “Ацо Шопов” Штип со почеток во 19 часот.
Театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“ ќе трае од 1. до 10. октомври 2022 година.

Фестивалот ќе ги доделува следните награди:
ГРАН ПРИ награда за претстава во целина
Специјални награди за:
– Најдобар актер или актерка на вечерта
– Авторска музика
– Сценографија
– Костимографија
– Режија
– Адаптација на текст

Репертоар:

30.09.2022 (петок) – 19:00ч. Отворање на Фестивалот – Перформанс за најмалите / Плато на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип
01.10.2022 (сабота) – 12:00ч. „МАЛАТА СИРЕНА“ / НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово
04.10.2022 (вторник) – 19:00ч. „УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ” / Мал театар – Прилеп
05.10.2022 (среда) – 19:00ч. „ЧУНГАЛУНГОВСКИ, ПЕПЕЛАШКА И ПРИНЦОТ ТОРТИЧКА“
НУЦК „Ацо Шопов” – Штип
06.10.2022 (четврток) – 19:00ч. „ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ“ / НУЦК „Антон Панов“ – Театар Струмица.
08.10.2022 (Сабота) -12:00ч. “ТРНОРУШКА” / 14:00ч. “ПОСЛЕДНАТА БИТКА” / Летачка театарска трупа – Тетово.
10.10.2022 (понеделник) – 19:00ч. „ТОБИ “ Н.У. “Театар за деца и младинци” – Скопје.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“