Утрински Весник
Спорт

Барселона и Ливерпул ќе си разменат играчи

Барселона и Ливерпул ќе си разменат играчи

Според британските и шпанските медиуми, Барселона сака да размени играч со Ливерпул.

dobivaj vesti na viber

Барселона сака да му го понуди Мемфис Депај на Ливерпул во замена за Роберто Фирмино, а размената би требало да биде комплетирана наредната сезона.

Депај е во втор план кај тренерот на Барселона, Чави Ернандез, од почетокот на сезоната има одиграно само 131 минута. Тој има договор со Барселона до крајот на сезоната, а во каталонскиот клуб пристигна минатата година како слободен играч.

Фирмино сака да го напушти „Енфилд“, бидејќи повеќе не е стартер во Ливерпул. Во дресот на Ливерпул одигра 335 натпревари на кои постигна 101 гол со 77 асистенции.

Тој има договор со Ливерпул до крајот на сезоната, а во англискиот клуб пристигна во 2015 година од Хофенхајм за 41 милион евра.

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години