Утрински Весник
Свет

Вонредна состојба на Флорида, доаѓа бурата „Јан“со потенцијал да прерасне во голем ураган

Вонредна состојба на Флорида, доаѓа бурата „Јан“со потенцијал да прерасне во голем ураган

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон Де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во 24 окрузи, поради зајакнувањето на тропската бура „Јан“, која се наоѓа над Карибите и се стравува дека следната недела ќе донесе обилни врнежи и урагански ветрови и до Флорида.

dobivaj vesti na viber

Де Сантис им порача на жителите на Флорида и на локалните власти да се подготват додека се приближува бурата и побара од федералните власти да прогласат вонредна состојба, пренесува АП.

Националниот центар за урагани предвидува дека тропската бура „Јан“ ќе се движи низ западна Куба и ќе се приближи до Флорида на почетокот на следната недела со јачина на ураган.

„Оваа бура има потенцијал да прерасне во голем ураган, затоа ги охрабруваме сите жители на Флорида да се подготват. Се координираме со сите државни и локални партнери и ги анализираме можните ефекти од ова невреме“, се вели во соопштението на Де Сантис.

Можете да прочитате

Европската комисија ѝ исплати 189 милиони евра на Молдавија

Иран гаѓаше израелски центри за кибертехнологија и фабрика за оружје

Песков: Русија одржува контакти со раководството во Хавана, подготвена е да ѝ помогне на Куба