Утрински Весник
Македонија

„Светот на Биби“ во новата градинка во општина Аеродром

„Светот на Биби“ во новата градинка во општина Аеродром

Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Среќни сме што дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”.

dobivaj vesti na viber

Пред пуштање во употреба, новата детска градинка „Црвенкапа” лоцирана во Стар Аеродром добива нов и уникатен изглед во внатрешноста.

Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1.700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите.

Општина Аеродром вложува во нови капацитети за децата, кои ќе бидат место каде најмладите сакаат да го поминуваат денот.

И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа.

Можете да прочитате

Во мај 16885 сообраќајни прекршоци, 4.473 за непочитување на пропишаната брзина, одземени се 238 возила

Муцунски: Толеранцијата мора да стане јавна политика и институционална култура на една држава

Тешко повреден тракторист, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија