Мојата љубов кон Покемон започна со собирање картички за тргување во основно училиште, а спотот за новата песна е анимиран од креаторите на играта, изјави Ед Ширан, опседнат со покемони.
Неговата нова песна е насловена Celestial и ќе биде објавена на 29 септември, а спотот за неа е анимиран од креаторите на Pokemon, објави „Sky.news“.
Споделувајќи си цртеж од себе со ликот на играта Пикачу, Ширан на социјалните мрежи напиша дека ја „започнал“ својата фасцинација со Покемон на седумгодишна возраст, собирајќи тематски картички.
Потоа станал обожавател на анимираното ТВ шоу, а на својот осми роденден добил рачна конзола „Gameboy Color“.
„Опседнато е благо кажано“ – вели британскиот пејач.
„Сега имам 31 година, сè уште ја имам истата Gameboy Color и сè уште играм Pokemon Silver на долги летови“ – продолжи тој.
„Навистина, навистина го сакам тоа. Како дете, ми даде шанса да избегам во свет на фантазии кој се чинеше дека продолжува и продолжува, а во зрелиот живот, носталгијата е таа што ме прави повторно да се чувствувам како дете“ вели пејачот.