Утрински Весник
Спорт

Матијас Погба: Вештерката на Пол му зеде 4.000.000 евра

Матијас Погба: Вештерката на Пол му зеде 4.000.000 евра

Францускиот фудбалер Пол Погба во моментов не игра за Јувентус поради повреда, но е во центарот на медиумското внимание во својата земја и остатокот од светот. Веќе неколку недели целото семејство поминува низ драма, откако братот Матијас најпрвин се се обиде да разоткрие се што прави Пол, а потоа заврши во притвор бидејќи се обидел да изнуди пари од својот брат.

dobivaj vesti na viber

Во целата приказна, најинтересно е откритието на Матијас дека неговиот брат Пол посетувал вештерка. Тој тврди дека вештерката била вмешана во трансферите на Пол Погба, францускиот поход на титулата на СП во Русија. Услугите на вештерката на Погба му ги препорачал поранешниот играч на ПСЖ и Тотенхем, Серж Орие.

„Пол ангажираше вештерката која му ја препорача Серж Орие. Тој шест години ги користи нејзините услуги. Пол плати четири милиони евра, а таа учествуваше во неговиот трансфер во Манчестер јунајтед и во походот на титулата на Мундијалот во 2018 година. Пол беше особено задоволен од нејзината работа откако Франција го освои Светското првенство. Тој побарал од вештерката да фрли магија врз Килијан Мбапе пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед. Задачата на вештерката беше да предвиди каква иднината го чека Пол, да ги подобри неговите квалитети, да ги саботира неговите ривали, да им фрла магии на противниците со цел да го уништи нивниот потенцијал. Пол Погба и плаќаше помеѓу 75 и 100 илјади евра еднаш или двапати месечно, исплатата секогаш беше во кеш“, откри братот на Пол Погба, Матијас.

Во меѓувреме, Матијас Погба беше приведен поради соработка со организирана банда. Се претпоставува дека тој се обидел да изнуди 13 милиони евра од Пол здружувајќи се со киднаперите кои упаднале во неговиот стан. Но, тој во својата изјава ги негира обвинувањата.

Можете да прочитате

ПСЖ во јануари ќе му плати 30 милиони евра на Интер за Шкриниар

Милевски: Без разлика на се, мислам дека сме на вистинскиот пат

„Аѕурите“ одат на Ф4 во Лигата на нации