Утрински Весник
Свет

Фишер: Светот драматично ќе се промени

Фишер: Светот драматично ќе се промени
300x250 (7)

Поранешниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер смета дека поради климатската криза, пандемијата на корона вирусот и војната во Украина, светот драматично ќе се промени и дека за 10 години ќе биде сосема поинаку.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот германски вицеканцелар при своето излагање во Виена на „Австрискиот енергетски конгрес 2022“ посочи дека ќе има постојана закана на источната граница.

Img 5587

Фишер истакна дека кризите се множат.

На прво место, вели тој, е климатската криза и додава дека светот е далеку од спроведување ефикасни чекори против овој проблем.

Пандемијата на корона вирусот, посочува, нанела голема штета на светската економија.

– Не смее ни да има голема војна. Руската нуклеарна закана е вистинска закана – предупреди тој понатаму.

Тој посочи дека тоа што ќе има постојана закана на источната граница ќе има последици за снабдувањето со енергенси на Европа.

-Времињата на евтин гас и сигурни испораки од Русија дефинитивно поминаа. Немојте да имате илузии дека ќе се врати – нагласи Фишер.

Тој додаде дека сега Европа ќе мора да инвестира повеќе во обновливите извори на енергија.

Фишер гледа глобално враќање на ривалството на големите сили.

– Светот на 21 век повеќе не е свет на кој може да влијаат европските димензии. Затоа Европејците мора да бидат единствени и да влијаат на сопствената судбина – заклучи тој, пренесе Новости.рс.

Ss1

Можете да прочитате

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради поплави

СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање