Утрински Весник
Спорт

УЕФА подготвува револуција – Клуб од САД ќе се бори за трофејот во Суперкупот

УЕФА подготвува револуција – Клуб од САД ќе се бори за трофејот во Суперкупот

УЕФА во иднина планира големи промени во европските натпреварувања. Откако пред неколку дена шпански „Ас“ откри дека ќе финалето на Лигата на шампионите ќе се игра во Њујорк, британски „Гардијан“, пишува дека УЕФА ќе оди чекор понатаму. Не само што Суперкупот на Европа ќе се игра во Америка, туку и клуб од Америка ќе има шанса да го освои.

dobivaj vesti na viber

„УЕФА со месеци работи на тоа Суперкупот да биде поатрактивен и поисплатлив. Моментално еден натпревар за тој трофеј се игра на неутрален терен, за титулата се борат победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Во Нион ја прифатија идејата дека овој формат треба да го замени турнирот, поточно би се играл фајналфор и тој би се играл далеку од Европа. Конкретно во САД“, пишува „Гардијан“ и ги открива учесниците на Суперкупот на Европа.

„Победниците на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига ќе се натпреваруваат за трофејот. Четвртиот клуб ќе биде шампион во МЛС. Ќе има четири натпревари; две полуфиналиња, натпреварот за третото место и големото финале“.

Големиот пресврт на УЕФА кон Америка е резултат на тоа што Нион ги смета САД како клучен пазар во својата стратегија за раст, бидејќи Америка има најголем потенцијал да привлече нова публика.

УЕФА на тој начин сака дополнително да профитира од она што веќе и успеа со потпишување на нов договор за продажба на телевизиските права во САД, со кој заработи 150 отсто повеќе од претходниот. „Гардијан“ открива и дека Суперкупот на Европа би можел да започне во Америка во 2024 година.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали