Утрински Весник
Економија

Цените во Германија соборуваат рекорди

Цените во Германија соборуваат рекорди
Img 5587

Растот на производствените цени во Германија достигна нов рекорд во август, поттикнат од цените на енергијата, покажуваат податоците објавени од „Дестатис“.

dobivaj vesti na viber

Производните цени во Германија се зголемија 45,8 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година, што е најмногу од 1949 година кога германскиот завод за статистика почна да објавува податоци, надминувајќи го рекордниот пораст од 37,2 отсто во јули. Во однос на јули тие се повисоки 7,9 отсто, што е и највисок раст откако „Дестатис“ ги објавува извештаите. Тие во јули се зголемени на месечно ниво за 5,3 отсто.

Img 5587

Цените на енергентите во август беа повеќе од двојно повисоки од истиот месец лани. На месечно ниво се зголемени 20,4 отсто. Струјата поскапела речиси четири пати за дистрибутерите, а гасот е три пати поскап од август минатата година.

Без цените на енергијата, производствените цени се повисоки 14 отсто.

Поради поскапувањето на енергентите, забележително пораснаа и цените на интермедијарните производи, и тоа 17,5 отсто, но и на трајните и нетрајните производи за широка потрошувачка, и тоа 10,9 и 16,9 отсто соодветно.

Храната поскапела 22,3 отсто, со цената на путерот со скок од 74,6 отсто во однос на ланскиот август. Скокнаа и производствените цени на непреработените растителни масла, и тоа 51,4 отсто. Млекото и кафето поскапеа за една третина, а месото за четвртина, отколку во август 2021 година.

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром