Утрински Весник
Македонија

Фракција во ВМРО-ДПМНЕ, Андонов вели: „Мицкоски е политички потрошен“

Христијан Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМЕ, истакна членот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска на прес-конференција пред партиското седиште објави дејствување на фракција во ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ова е јавен и отворен повик до Мицкоски да си даде оставка и со тоа да го отвори патот да се извршат неопходните промени во ВМРО-ДПМНЕ. Напоменувам, не се работи за паралелна структура во ВМРО-ДПМНЕ, не се работи за нова политичка партија, не се работи за нова политичка структура во смисла на паралелизам, туку за членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои и понатаму ги повикуваат другите членови на партијата да дејствуваме како политичка фракција внатре во партијата со единствена цел – демократизација и ревитализација на партијата, чиј прв чекор е оставка на Мицкоски“, истакна Андонов.

Основната политичка цел на фракцијата, покрај оставката на Мицкоски, кој, како што рече, е потрошен политички, е и повик до членството за организација на избори за нов претседател на партијата.

Според Андонов, фракцијата е поддржана од ветерани, основачи на ВМРО-ДПМНЕ, обични членови, од некогашни функционери на партијата, но и од луѓе во актуелното раководство. Тој објасни дека оваа иницијатива не е поврзана со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри