Утрински Весник
Македонија

Фракција во ВМРО-ДПМНЕ, Андонов вели: „Мицкоски е политички потрошен“

Христијан Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМЕ, истакна членот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска на прес-конференција пред партиското седиште објави дејствување на фракција во ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ова е јавен и отворен повик до Мицкоски да си даде оставка и со тоа да го отвори патот да се извршат неопходните промени во ВМРО-ДПМНЕ. Напоменувам, не се работи за паралелна структура во ВМРО-ДПМНЕ, не се работи за нова политичка партија, не се работи за нова политичка структура во смисла на паралелизам, туку за членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои и понатаму ги повикуваат другите членови на партијата да дејствуваме како политичка фракција внатре во партијата со единствена цел – демократизација и ревитализација на партијата, чиј прв чекор е оставка на Мицкоски“, истакна Андонов.

Основната политичка цел на фракцијата, покрај оставката на Мицкоски, кој, како што рече, е потрошен политички, е и повик до членството за организација на избори за нов претседател на партијата.

Според Андонов, фракцијата е поддржана од ветерани, основачи на ВМРО-ДПМНЕ, обични членови, од некогашни функционери на партијата, но и од луѓе во актуелното раководство. Тој објасни дека оваа иницијатива не е поврзана со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Можете да прочитате

Со Итна помош пренесен на клиника припадник на „Тигар“ по повреда во касарната „Илинден“

Уапсен возачот кој управуваше возило во спротивен правец во Скопје

Уапсен прилепчанец за лихварство, позајмил 7.500 а назад барал 12.500 денари