Утрински Весник
Македонија

Утре облачно и ветровито со слаб дожд, од понеделник стабилно со студени утра

Времето утре во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 16 до 23 степени. УВ=5.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Услови за локален дожд ќе има во среда.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила