Утрински Весник
Македонија

Истрага за марихуана пронајдена во автомобил на наплатна станица Сопот

Истрага за марихуана пронајдена во автомобил на наплатна станица Сопот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 38 години за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 14 септември, осомничениот неовластено набавил 489,4 грама наркотична дрога марихуана од две засега непознати лица од Скопје. За дрогата платил 80.000 денари и ја ставил во својот автомобил спакувана во ќеса, по што се упатил кон Велес.

На наплатната станица Сопот полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата.

Бидејќи оцени дека се исполнети законските основи – опасност од бегство можност за влијание во постапката и можност за повторување на постапката, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен