Утрински Весник
Македонија

Берово домаќин на првиот меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин опен 2022“

Берово домаќин на првиот меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин опен 2022“

Во организација на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, Пингпонгарската федерација на Македонија и компанијата „Зегин“ на 17 и 18 септември, во салата „Македонски бранители“, за првпат ќе се одржи меѓународниот турнир во пинг-понг „Зегин опен 2022“.

dobivaj vesti na viber

На турнирот ќе учествуваат 100тина играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, а ќе се натпреваруваат во четири категории, сениори, сениорки, јуниори и јуниорки.

Сите натпревари ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување, и тоа: Квалификации по групи и систем на елиминација. Прво и второпласираните натпреварувачи од групите се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од 5 сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од 7 сетови.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 5.000 евра, а за сите натпревари истакнаа организаторите ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.

Со ова се докажува дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот.

На претстојниот меѓународен турнир во пинг-понг се очекува голем број на посетители, додека натпреварите се играат со почеток од 9 часот.

Во продолжение погледнете го промо видеото за настанот:

ПР

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци