Утрински Весник
Свет

Зеленски го посети Изум, порача: Украинската армија нема да запре

Зеленски го посети Изум, порача: Украинската армија нема да запре

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска дојде во ненадејна посета на Изум, важен стратешки град на истокот кој неодамна беше ослободен од украинските сили.

dobivaj vesti na viber

Москва го користеше Изум како точка од која испратија засилување на фронтот во Донбас. Во тој регион благодарение на молскавично-брзиот украински контранапад, ситуацијата целосно се промени.

Русите се повлекуваат, а Украинците напаѓаат.

„Кога гледавме нагоре, секогаш сакавме да го видиме синото море. Денес, кога ќе погледнеме нагоре, сакаме да видиме само едно – украинското знаме“ – објави Зеленски на социјалните мрежи со фотографии од Изум.

„Над деокупираниот Изум веќе се вее нашето сино-жолто знаме. Така ќе биде во секој украински град и село. Одиме само во еден правец – кон победа“ – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа