Утрински Весник
Спорт

Поделен Глазгов – Ренџерс ќе ја пеат „Бог да го чува кралот“, Селтик нема да оддржат минута молк

Поделен Глазгов – Ренџерс ќе ја пеат „Бог да го чува кралот“, Селтик нема да оддржат минута молк

Навивачите на Глазгов Ренџерс ќе ја пејат британската химна „God Save the King“ пред мечот со Наполи во Лигата на шампионите, додека нивните градски лути ривали, Глазгов Селтик нема да оддржат минута молк пред нивното гостување кај Шахтјор Доњецк, уште еднаш потврдувајќи ја длабоката поделеност на двата гиганти од шкотската метропола.

dobivaj vesti na viber

Ренџерс, заедно со Челси, побарале од УЕФА да дозволи свирење на химната пред домашните мечеви, но европската федерација го одби ова, по што навивачките групи на Реџерс потврдија дека ќе ја пеат химната и ќе имаат голема кореографија во чест на кралицата. За Ренџерс во историјата играа само протестанти, и клубот се поврзува со лојалноста кон британската круна.

Од друга страна, Селтик и Шахтјор нема да оддржат минута молк пред мечот во Варшава. Украинските шампиони побараа да се прикаже анти-воена порака на стадионот на „Полската армија“, и УЕФА го дозволи тоа. Селтик, за разлика од Ренџерс, се поврзуваат со Ирците и со припадниците на католичката вера во Велика Британија.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина