Утрински Весник
Свет

Руска православна црква: Подготвени сме за нова средба со папата

Руска православна црква: Подготвени сме за нова средба со папата

Руската православна црква изрази подготвеност за нова средба меѓу патријархот Кирил и папата Франциск, и покрај дипломатските тензии околу војната во Украина, јавуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

На вториот ден од посетата на Казахстан, каде што се одржува меѓурелигиски конгрес, но без Кирил, кој ја поддржува руската офанзива против Украина, Светиот Отец ја осуди суровата и варварска агресија, притоа обидувајќи се да го одржи отворен дијалогот со Москва.

Висок православен функционер изрази жалење што Светата столица ја „откажа“ средбата меѓу Кирил и Франциск што беше закажана за јуни во Ерусалим.

На вториот ден од престојот во Казахстан, Френциск се обрати на Седмиот конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии, состанок на кој се собираат христијаните, Евреите, муслиманите, будистите, хиндусите и другите верници и рече дека Бог не поддржува војна.

„Бог е мир. Тој секогаш не води по патот на мирот, никогаш по патот на војната“ – рече папата.

Тој претходно оваа година изјави дека Кирил не може да биде министер на рускиот претседател Владимир Путин, а на конференцијата рече: „Светото никогаш не смее да биде поддршка на моќта, ниту моќта поддршка на светото!“

Кирил со ентузијазам ја поддржа руската инвазија на Украина, која патријархот ја гледа како бедем против Западот, кој тој го нарекува декадентен. Неговиот став предизвика раздор со Ватикан и предизвика внатрешен бунт што доведе до прекин на врските меѓу некои локални православни цркви и Руската православна црква.

Можете да прочитате

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Ново правило за летовите до Турција – следи казна ако го направите ова

Белгиското Обвинителство побара одземање на имунитетот на петмина европратеници во врска со случајот „Хуавеј“