Утрински Весник
Македонија

Христовски пред да поднесе оставка им ги зголемил платите на вработените

Оставка на в.д. директорот на ЈП „Градски паркинг“: Не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На денешната седница Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје донесе одлука за линерано зголемување на платата во износ од 2.992 денара, а одлуката, како што се наведува, ќе почне да се применува од 1 октомври.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука е донесена по инцијатива на директорот Бојан Христовски и е усогласена со Синдикатот на претпријатието во текот на предходната седмица. Од оваа одлука бенефит ќе имаат 280 вработени во претпријатието и е од значајна поддршка во време на досега најголемата економска криза и во услови на пораст на трошоците за живот. На овој начин вработените ќе може полесно да се соочат со предизвиците пред претстојниот тежок период за сите граѓани.

Пред сѐ, сакаме да искажеме голема благодарност за грижата за вработените во ЈП „Градски паркинг“ до директорот Бојан Христовски за неговото несебично залагање за правата на вработените и за неговата донесена одлука пред напуштањето на функцијата директор“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Полициски претреси на повеќе локации: Бујар Дардишта предмет на истрага

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски