Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Кои се квалификациите на сопругата на пратеникот Мартин Костовски за да биде преземена од Бујар Османи во МНР?

(Видео) Стоилковски: Кои се квалификациите на сопругата на пратеникот Мартин Костовски за да биде преземена од Бујар Османи во МНР?

Изминаа 24 часа а ниту МНР, ниту министерот Османи, ниту пратеникот Мартин Костовски, ниту Димитар Ковачевски од антимакедонскиот СДС, никој не се јави со реакција за скандалот поврзан со неопходноста за вработување на сопругата на Мартин Костовски во МНР!, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Ова, според него, е најдиректен, најсилен случај на непотизам, кронизам, корупција, партизација, злоупотреба на позиција, влијание од позиција, зошто да не и трговија со влијание за глас во Собранието!

„Уште еднаш, сопругата на Мартин Костовски пратеник во Собранието, од антимакедонскиот СДС, е вработена во МНР, во јули, додека се гласаше за бугаризација на Македонија! Вработувањето е сокриено, тајно, направено со преземање од друга институција, веројатно од општинската администрација на Куманово. Е па скандалозно е да нема одговори од Ковачевски, Османи и Костовски. Заради кои квалификации и каква додадена вредност носи сопругата на Мартин Костовски за да биде преземена во МНР? На која работна позиција имало толкава неопходност да наместо со јавен оглас, сопруга на пратеник од власта биде преземена од општинска администрација?
На која точно работна позиција и функција Бујар Османи ја поставил преземената сопруга на Мартин Костовски?“, праша Стоилковски.

Потенцира дека доколку Ковачевски и Османи не одговорат за вистинска итност и неопходност од специфични квалификации за определена позиција, за коишто можеби ги поседува сопругата на Мартин Костовски и коишто се неодложни и неопходни за МНР во моментов, тогаш, како што рече, се работи за класична злоупотреба корупција и трговија со влијание!

„Македонија тоне меѓународно и дипломатијата реди порази и предавства, затоа што МНР го претворија во дом за задоволување фрустрации, дом за миленици и сопруги! Македонија тоне во економска и енергетска криза, народот стравува за храна и дали ќе смрзне зимата, ама буџетот ќе се троши на милениците и сопругите на антимакедонската власт! “, дополни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ денот почнуваше со скандал и криминал

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража