Утрински Весник
Економија

(Видео) Митева: Енергетските постојки работат со половичен капацитет заради криминалот на власта

(Видео) Митева: Енергетските постојки работат со половичен капацитет заради криминалот на власта

„Дуото Ковачевски ја внесува Македонија во енергетска неизвесност. Половина од енергетските постројки работат со половичен капацитет, затоа што за да работат со полна пареа потребни се суровини кои не се обезбедени на време заради криминалот на власта. И наместо на време да се обезбеди државата со јаглен и мазут, дуото Ковачевски се фрли на криминал, па така сега за увоз на скапа струја, со цел да се покријат недостатоците ќе бидат потребни и до половина милијарда евра“ вели Марија Митева – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа тврди дека „РЕК Битола и Осломеј работат со половичен капацитет затоа што на депониите на овие два комбината нема доволно јаглен, а и тој што го има и го плаќаме како скап увоз е со слаба калорична вредност“.

„Доколку овие два енергетски капацитети се ставеа во полн погон цената на струјата за домаќинствата немаше да се покачи во јули, а за покачувањето во јануари немаше ни да се разговара. ТЕЦ Неготино работи со една турбина, наместо со две затоа што дуото Ковачевски не изврши навремена набавка на мазут. Доколку оваа централа работеше со целиот свој капацитет, односно со уште 100 до 110 мегавати моќност на сегашните 90, ќе се обезбедеа дополнителни количини струја за фирмите, која немаше да биде поскапа од 200 евра за мегават час, и за разлика од сегашните до 800 евра, ќе беше и за 4 пати пониска“ рече Митева.

 

Можете да прочитате

Најмногу средства од ребалансот на Буџетот за министерствата за животна средина и за транспорт

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, обезбедени повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии

Мицкоски за вчерашната средба со претставниците на ланци на маркети: Се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти